Управата за јавни приходи нема вратено 22 милиони евра, ниту воопшто некогаш е вратен поврат на ДДВ кон овие компании, стои во реакцијата на УЈП.

Во таа насока повторно транспарентно и јасно ја информираме јавноста  исклучиво врз основа на факти и докази,  а  во конкретниот случај фактичката состојба  е:

1. Посочените даночни обврзници се основани во 2022 година, кои кон крајот на 2022 година извршиле промена на седиштето и на управувачката и сопственичката структура со тоа што како нови основачи/сопственици и управители се јавуваат странски државјани- од Р.Косово

2. Управата за јавни приходи по службена должност согласно анализа на даночните пријави за ДДВ, насочи контроли   по основ на ДДВ за период од 2022 и дел од 2023 година и истите се спроведени  согласно расположливите податоци од евиденцијата на Управа за јавни приходи и  од доставените ДДВ-Пријави од страна на даночните обврзници.

3. Во текот на контролите, од МВР побарани се податоци за влез/излез и престојувалиште на управителите со број на патни исправи наведени во историјатот на промени во ЦР на РСМ. Од страна на МВР добиени се податоци дека и во двата случаи, како носители на патните исправи се јавуваат сосема други физички лици ( исто така државјани на Р.Косово), а не лицата чиј број на патна исправа е заведен во ЦР на РСМ при извршената промена односно нивното поставување за основачи/управители на правните лица.

4.Даночните обврзници поднеле  даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста)   и  Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат  ниту  пребивање со други даночни долгови од основањето на посочените компании.

5. Повторуваме: Не станува збор за барање за поврат туку за поднесени даночни пријави со даночно побарување – Аконтации оставени за идни периоди каде во текот на контролата поради несоработка од страна на даночните обврзници  и недоставена документација за увид во веродостојноста на евидентираниот  влезен данок со право на одбивка искажан во ДДВ пријавите, со контролите  истите не се признаени и обврзниците се задолжени со износ на ДДВ кој треба да го платат.

6. АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП врз основа на  извршена надворешна контрола и утврден наод по основ на ДДВ .

7. Како што и претходно известивме, за констатациите утврдени со контролата ( сомнение за даночно казниво работење)  известена е Управата за финансиска полиција, за преземање на натамошни дејствија согласно нивната законска надлежност.

8. Согласно Законот за даночна постапка  имајќи го во предвид начелото за даночна тајна а со оглед на сензитивните податоци до кои доаѓа при вршење на контроли во одредени моменти на постапката Управата за јавни приходи  не е во можност истите да ги споделува со јавноста  но е во постојана соработка и координација со останатите надлежни институции и истражни органи.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на  изнесените  изјави, и да ги следат само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните релевантни институции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.