Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на еден производ од маркетите и продавниците.

АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – Bio Chocolate Chip peanut butter, поради присуство на недеклариран алерген млечен протеин.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, велат од АХВ.

Сериски број/лот: LO107

Рок на употреба: 01.07.2023

Производство: Nature‘s Finest

Увозник: Зегин ДОО

Дистрибутер: Зегин ДОО

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.