Просечната нето плата во јануари 2023 година е 33.943 денари.
Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33.943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4 проценти), Градежништво (20,9 проценти) и Информации и комуникации (17,3 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1 проценти), Преработувачка индустрија (5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50 837 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.