Промената на времето која почна викендов, особено вчера, со драстичниот пад на температурите и врнежите од дожд и снег на планините, ќе ги прекине земјоделските активности што се вообичаени за овој период од годината.
Според агрометеоролозите од УХМР, во втората половина од неделава се очекува повторно постепено разведрување кое ќе донесе и повисоки дневни температури. Утринските температури се очекува да бидат негативни во одделни делови од државата, но нема да предизвикаат поголеми штети, можеби само проретчување на родот кај овошките.
-Постепеното разведрување и струењето на воздухот, нема да доведат до појава на негативни утрински температури на поголем дела од мерните места во земјава, со исклучок на Берово, Паланечкиот дел и дел од Пелагонија. Ваквите температури не се очекува да причинат позначителни штети кај овошките во овие региони. Можно е да дојде само до проретчување на родот, а тука треба да се има предвид и местоположбата на насадот, експозицијата и времетраењето на температурите, велат агрометеоролозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.