Дали градбата може да биде едноставна и брза? Зависи. Самата помисла за изградба или реновирање на дом предизвикува главоболки и нервоза кај повеќето луѓе. Има многу причини за тоа и тие најмногу се базираат на претходни негативни искуства. Но, сега можете да се опуштите, бидејќи за само неколку минути можете да најдете доверлив, професионален и искусен изведувач низ цела држава.

Напорното секојдневие и големиот број обврски кои најчесто не можат да чекаат, нè наведуваат на заклучокот: времето е највредниот ресурс! Токму недостатокот на време ни оневозможува да го уредиме домот, деловниот простор или градината во согласност со сопствените желби и потреби.

Како да се најде добар мајстор?

Без разлика дали ни претстои бетонирање, бојадисување, поставување клима, замена на столарија или нешто друго, прашањето што речиси секој ќе си го постави е: како да се најде добар мајстор? Одговорот обично го бараме во прелистување на жолтите страници или резултатите од пребарувањето на интернет, сепак, доаѓаме до контактот, но не и до клучните информации: како всушност работи тој мајстор? Дали ги исполнува нашите критериуми? За подетални информации како што се цената на неговата работа, можноста за излегување на терен согласно тековните обврски и времетраењето на работата, мора да го контактираме телефонски. Сепак, тоа сè уште не гарантира добар исход: дека работата ќе се заврши токму онака како што сакаме, односно за времето и парите што сме подготвени да ги одвоиме.

Во такви ситуации многумина ќе се обратат за „помош од пријател“. Роднините, соседите и пријателите можат да ни дадат препорака врз основа на нивното искуство, но повторно, и тоа не е гаранција. Можеби тој мајстор одлично ја завршил работата кај нашиот познаник, но другите клиенти биле незадоволни од неговата работа. Исто така, ако тоа не е професија на нашиот познаник, истиот не може да даде објективна и професионална оценка. И повторно се враќаме на претходната ситуација, која може да не обесхрабри уште од самиот почеток.

Сепак, дали знаевте дека градежните работи или реновирањето можат да се завршат без стрес, неизвесност и разочарување? Дека самиот процес може да биде исполнет со уживање, максимално поедноставен со минимално време?

Daibau.mk е интернет платформа за изградба и реновирање која се занимава со успешно посредување помеѓу изведувачите и луѓето на кои им се потребни овие работи, односно клиентот – инвеститорот. Сите оние што планираат да реновираат бања, кујна, градина, да изградат одреден објект или некоја друга работа за која е потребна стручност и посветеност на занаетчија, можат да здивнат. Целта на порталот Daibau.mk е да ги растерети клиентите овозможувајќи им да стигнат до мајстор со одлични препораки и богато искуство, на брз и лесен начин.

Само неколку минути ве делат од наоѓање соодветен мајстор, се што ви треба е да го пополните и испратите барањето кое се наоѓа на порталот и тоа потполно бесплатно. Сè што е потребно, во истото да го наведете описот на работата, односно какви работи ви требаат, саканиот рок за работите, како и местото каде што ќе се изведуваат работите. Врз основа на информациите што ги внесовте, ќе ви бидат понудени соодветните изведувачи што ви се потребни. Во барањето, можете да прикачите и фотографии или скици кои сакате да ги опишете подетално, бидејќи системот за пребарување на платформата Daibau.mk работи на таков начин што ги зема предвид сите ваши барања и соодветно ги нуди најидеалните решенија. На тој начин добивате попрецизни понуди, баш како што сте побарале!

Почетното прашање е делумно одговорено: како да се најде добар занаетчија? Со испраќање на барање, ќе бидете поврзани со изведувачи чија дејност ги вклучува токму работите што сакате да ги направите, во временски период што ви одговара и на локацијата каде што се наоѓате. Но, како знаете дека изведувачот е посветен и сигурен? На најдобар можен начин – од прва рака.

Дали можете да му верувате на било кој мајстор?

Во рамките на порталот Daibau.mk постои можност да го оцените изведувачот и да оставите коментар во кој ќе го опишете вашето задоволство од неговите перформанси по завршувањето на работата. На овој начин добивате увид во квалитетот на услугите на изведувачот и затоа ќе ви биде полесно да ја изберете услугата која најдобро ги задоволува вашите критериуми. Проверете ги рецензиите оставени од претходните клиенти и донесете одлука врз основа на нивното лично искуство и задоволство. Сигурно ќе бидете посмирени кога ќе знаете дека повеќе луѓе биле задоволни од вашиот иден мајстор, како и дека бил објективно оценет за неговата работа и труд. Ова е секако поверодостојна и посеопфатна препорака отколку „помош од пријател“.

Секој изведувач се труди да добие добар рејтинг и позитивен коментар, бидејќи тоа е најдобрата реклама за него. Позната е народна изрека: „Далеку се слуша добар глас, подалеку се слуша лош“. Сепак, за да се намалат ризиците, платформата Daibau.mk го проверува работењето на компанијата, искуствата на пазарот и објавува референци. Затоа, оние кои непрофесионално и некоректно ја извршуваат работата се исклучуваат од пребарувачот.

Откако ќе донесете одлука врз основа на оценките, останува само да се договорите со избраниот изведувач за почеток на работата.

Кои се реалните цени на градежните работи?

Друг чекор пред извршување на работата е да се запознаете со трошоците. Кои се реалните цени на градежните работи? Многу е важно одговорот што ќе го добиете на ова прашање да биде точен и прецизен.

Ви препорачуваме пред со градба да ги проверите просечните цени за поединечни работи, производи и услуги, кои можете да ги најдете на порталот Daibau.mk. Оваа опција ви овозможува да добиете детални информации за цените пред да контактирате со изведувачите. Со тоа, не само што подобро ќе управувате со времето туку и со буџетот за реализација на проектот.

Корисни совети од областа на градежништвото

Во склоп на порталот се наоѓа и списание со голем број стручни текстови, корисни и интересни совети од областа на градежништвото, архитектурата, уредување на ентериер и екстериер.

Платформата daibau.mk секако можеме да ја наречеме личен е-советник, кој ги поврзува клиентите со изведувачите врз основа на нивните желби и потреби на едноставен и ефикасен начин. Сите оние на кои им е потребна помош за реновирање или изградба можат да ја најдат овде. Базата на податоци содржи неколку стотици локални изведувачи. Ваше е да испратите бесплатно барање!


Комерцијална објава


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.