За два дена се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 и новиот краен рок е 27 јануарÐ ¸ (петок).
– Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува за два работни дена согласно Законот за даночна постапка, информира во соопштение Управата за јавни приходи.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, појаснуваат од УЈП, е 25.01.2023 и се продолжува за два работни дена, односно краен рок ќе се смета 27.01.2023.
Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588. До денеска до 13:30 часот се поднесени 31.640 ДДВ пријави, а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.