Ковачевски го проектира најгломазниот буџет и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост со вакви лоши економски показатели, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција откако Владата го усвои Предлог-буџетот за следната година.

Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%.

Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати.

Предлог Буџетот како што е преставен во јавноста повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал.

Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа.

Се на се, без план, со една цел, трошење што повеќе пари на несуштински работи, кои не носат развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.