Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од Охрид упати повик до сопствениците на пловни објекти на Охридското Езеро најдоцна до 25 идниот месец да склучат договор со претпријатието за сидрење на нивните пловила на Градското пристаниште.

Согласно Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП „Билјанини Извори” од Советот на Општина Охрид, како и соодветното Мислењето од Капетанијата на пристаништа, на претпријатието му е доделено времено стопанисување со пристаништето во Охрид.

Оттаму се повикуваат сопствениците на пловните објекти кои веќе имаат усидрени пловила или пак се заинтересирани за усидрување на своите пловни објекти на Градското пристаниште, да склучат соодветни договори.

Предуслов за склучување договор е пловниот објект да биде регистриран во Капетанија на пристаништата – Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.