Повеќе од половина од населението во Македонија живее крпен живот, a просечната плата доволна само за основните елементарни потреби и колку да се протурка месецот.
Ова го покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), односно само 4 отсто од македонските граѓани имаат доволни примања, додека 64 отсто едвај врзуваат крај со крај.
Потрошувачката кошница во јуни е измерена на 48 543 денари, или речиси 790 евра. Тоа се минималните средства што биле потребни за четиричлено семејство да ги задоволи најосновните месечни потреби, покажуваат податоците од Сојузот на синдикати на Македонија.
Сиромаштијата, нискиот животен стандард, како и проблемите на обичните граѓани од ден на ден како да стануваат сè потешки и поголеми. Меѓутоа, ова не важи и за функционерите, кои своите плати си ги покачија за 78%.
Инаку, според статистиката највисоки плати во државата се исплаќаат во ИТ секторот, односно над 90 илјади денари нето, како и во фармацијата и финансиските сектори со нешто над 50 илјади денари месечна плата.
извор: 24 вести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.