Повеќе од 40 познати и реномирани бендови ќе бидат претставени на Саемот за транспорт, кој почнува утре, на 7 јуни и ќе трае до петок, 9 јуни, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Скопје. Саемот ќе се одржи на отворено, а гостите може да го посетат од 10 до 18 часот.

На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати импортери на товарни возила, приклучни возила, како и голем број на брендови со палета на комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во групата на брендови-учесници се вбројуваат МакАутоСтар со Mercedes-Benz и Fuso, Schmitz Cargobull, Volvo, Cargomax IVECO, АутоМакедонија Групација (Isuzu, Piaggio Commercial, SsangYong), Krone, ManiService, Carrier, Sa-Tra, Termo Sistems Pegi, Thermo King, Euro Bus, Motocentar, Dauti-Transport-Shped, Diginet, Фас-Вас Авто Центар, Petronas, LTL Balkan, Велком Трејд Сервис, Виадукт Трејд, Стиринг трејд, Matrix, DB Schenker, Cargo-Partner, Uni Parts, Sunward, Takeuchi, Everun, ITR USCO, T&T parts, Мега техника, ТТG, Frotcom, Еуроват Про, Бе-Да логистик, Mајанца шпед, Sparkasse Leasing, Macedonia From Above и други.

Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.

Саемот за транспорт е дел од трилогијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.