Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар минатиот месец биле повисоки за 1,3 проценти на месечно и за 15 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 10,8 проценти, Енергија за 3,1 процент, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека во декември 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 34,8 проценти, Интермедијарните производи, освен енергија за 20,5 проценти, Капитални производи за 22,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.