Преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти ќе бидат претставена на годинашниот Саем за мебел, кој се отвора денеска, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”.
На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот, најавува Скопски саем.
Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.
Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.