На 70-годишна возраст, на 6 април ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ.

Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво. Освен како управител во НЕОТЕЛ, беше постојан член на Одборот на директори на АД НЕОКОМ. Својата богата професионална кариера ја започнува во енергетскиот сектор во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и воедно беше првиот генерален директор на Оператор на електропреносен систем на Република Македонија (АД МЕПСО).

Ќе биде запаметен како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно.

Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.