Ниту силината на изборниот пораз не ги “заузда” владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави, обвинува Елена Петрова, заменик-министерката за финансии во техничката Влада.
До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите, прашува Петрова.
Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:
само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.
поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020. Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е: во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023), поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 година – тврди Петрова.
Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги “отворат сметките”, ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот, вели заменик-министерката за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.