Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии, денес беше во посета на Повардарскиот регион.
Нејзината теренска посета започна во Велес, каде заедно со нејзиниот тим ја посетија фабриката за зејтин „Благој Ѓорев“ и фабриката „МакКар“.
Во Неготино посети транспортна компанија и винарија. Ја посети и Гевгелија.
-Бидејќи веќе извесно време се сретнуваме со компании од целата наша земја, можам да кажам едно кратко резиме на тоа што го чувствуваат и ни го пренесуваат во компаниите, тоа е изреката „Државата ни е во хаос“. Од секој аспект, во однос на услугите кои треба да ги испорачаат државните институции кон компаниите кои се нивни клиенти, не се почитуваат роковите, не се почитуваат стандарди за квалитет. Велат дека државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис на компаниите, рече Петрова.
Целата нејзина изјава погледнете ја во видеото во продолжение:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.