Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има рекорден буџетски дефицит во 2024 година.

„РЕКОРДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО 2024 ГОДИНА ‼️

Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори‼️

📌 БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:

• ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година

• ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година‼️

📌 ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:

• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)

• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

📌 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.