Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на раководството на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, предводени од претседателот на комората, Менди Ќура.

 

На средбата се разговараше за тековните активности на комората, насочени кон застапување на интересите на бизнисите и создавање на соодветно развојно опкружување.

 

Претставниците на комората ги претставија актуелните предизвици со кои се соочува бизнис заедницата во однос на недостигот на работна сила, како и приоритетните области на кои треба да се насочи фокусот во следниот период.

 

Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на бизнис заедницата за поттикнување на нови инвестиции, нови работни места и долгорочен одржлив економски раст и развој на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.