Од денеска до 9 јуни, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје е во тек Самот за транспорт.

Саемот за транспорт годинава започнува со значително квалитетна палета на учесници и брендови, а воедно и одлични саемски понуди за сите потреби на секој бизнис, во областа на транспортот. Сето ова е со цел заштеда на време, модернизирање на оперативните активности, а и последователно креирање нови можности за фокусирање на нови успеси за секој бизнис, изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем.

На тековното издание на Саем за транспорт учествуваат над 40 брендови од државата, но и регионални и светски имиња во светот на транспортот и логистиката.

Во рамките на бројните учесници и брендови, горди сме што имаме учесници од диверзифицирани дејности. На годинешниот Саем за транспорт се вбројуваат реномирани импортери на товарни, комерцијални и приклучни возила, автобуси, градежна механизација, компании за логистички и транспортни услуги, пратечка индустрија и услуги, дополни Сања Кондарко, Оперативен директор на Скопски Саем.

Саемот е отворен секој ден од 07.06.2023 (среда) до 09.06.2023 (петок), од 10:00 до 18:00 часот, – и тоа за сите заинтересирани посетители, а воедно и за лица од деловниот свет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.