Корисниците кои истовремено се и производители на електрична енергија, а за кои е одбиена промената на снабдувач од страна на Операторот на дистрибутивниот систем, се веќе регистрирани како самостојни учесници на пазарот на електрична енергија, велат од ЕВН.
-Како такви, тие не подлежат на Правила за снабдување со електрична енергија каде е дефинирана постапката за промена на снабдувач. За овие корисници важат одредбите од Правила на пазар на електрична енергија при што како самостојни учесници на пазар потребно е да ја регулираат балансната одговорност кај маркет операторот МЕМО. Регулирање на односите на овие корисници со ЕСМ Продажба може да се случи само доколку се направи договор за снабдување, но и договор за откуп на произведената енергија со ЕСМ Продажба, стои во соопштението од ЕВН.
По направените консултации, договорено е ЕСМ Продажба да понуди одреден модел за да се надмине ситуацијата со производителите на енергија од фотоволтаични системи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.