Утре започнува со доделување на вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување на инвертер клима. Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Според нив изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, биле спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето.
Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите на граѓаните, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги извести добитниците на вредносните ваучери преку средствата за јавно информирање, веб страната на Министерството и преку СМС порака дека доделувањето на ваучерите ќе се одвива по следниов распоред:
Скопје – СЦ Борис Трајковски од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024
Битола – Спортска сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024
За останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.
За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства. Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.
За сите дополнителни информации Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има отворено телефонски линии, емаил адреса, а сите информации редовно се објавуваат на веб страната на Министерството.
На следниот линк може да се најдат:
– Добитниците на вредносен ваучер преку програмата за енергетска ефикасност – Скопски, Источен, Југоисточен, Североисточен, Вардарски и Полошки регион
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-neranlivi-1.pdf
– Добитниците на вредносен ваучер преку програмата за енергетска – Пелагониски и Југозападен регион
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-neranlivi-2.pdf
– Добитници на вредносен ваучер преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – ранлив самец
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-ranlivi-samecz.pdf
– Добитници на вредносен ваучер преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – ранливи два члена
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-ranlivi-dva-chlena.pdf
– Добитници на вредносен ваучер преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – ранливи три члена
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-ranlivi-tri-chlena.pdf
– Добитници на вредносен ваучер преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – ранливи четири члена
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-ranlivi-chetiri-chlena.pdf
– Добитници на вредносен ваучер преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – ранливи пет члена и повеќе
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-fizichki-licza-%E2%80%93-ranlivi-pet-chlena-i-poveke.pdf
– Правни субјекти каде можат да се искористат вредносните ваучери
https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/spisok-na-izbrani-pravni-subjekti.pdf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.