Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во јуни изнесува 14,5 отсто. Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13.7 %.
Ако се направи пресметката во однос на просечната плата од 30.000 денари, математиките покажуваат дека од лани до сега, секој што земал просечна плата е посиромашен за некаде околу 4.350 денари.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10.4 %, лебот и житата за 7.8 %, млекото за 6.7 %, месото за 5.2 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.7 %, виното за 2.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.0 %, рибата и морските плодови за 0.8 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.4 %.
Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17.2 %, течните горива за домаќинствата за 16.3 %, туристичките аранжмани за 6.4 %, цврстите горива за домаќинствата за 6.2 %, воздухопловниот патнички транспорт за 6.1 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, патниот патнички транспорт за 4.0 %, услугите за сместување за 3.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.9 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.7 %, рестораните, кафулињата и слично за 2.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.1 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.8 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, парамедицинските услуги за 1.7 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.6 %, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.5 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт за 1.2 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, големите алатки и опремата, моторните возила, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, електричните апарати за лична хигиена за 0.9 %, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.8 %, поправките на апаратите за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.7 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 0.6 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, стоматолошките услуги, мотоциклите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3.3 %.
Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.2 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.