На 14 февруари годинава Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава на здружението „Спас за Маврово“, донесе решение со кое се задолжува градоначалникот на Општина Маврово Ростуше да го укине АУП-от за градежната парцела која е во сопственост на Радика резорт каде што се планира изградба на 87 викендици, пишува МКД.мк.

АУП-от бил потпишан од градоначалникот Медат Куртовски на 17 мај 2018 година. Четири години потоа, на 23 март годинава, истиот Куртовски, по решението на Државниот инспекторат, морал да се потпише на решение за укинување на тој АУП.

Ова значи дека 17 веќе изградени викендици под хотелот Радика во Леуново се легални, 9 треба да се уриваат, а плановите за изградба на останатите 61 се укинуваат.


Целиот текст на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.