Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи. Тој сè уште не ја открива содржината на новогодишната кошница, но вели дека интензивно преговараат со трговците, производителите, добавувачите, коморите и Организацијата на потрошувачите.
Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши и додаде дека и новогодишната кошница, како и есенската ќе трае еден месец.
Од ССМ повторија дека разговараат со Министерството за економија и труд во однос на креирањето на идните мерки, но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето кон ваквите нефер трговски практики и да ги казнува.
Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи на 10 отсто. Но, граѓаните и дел од економски аналитичари оценија дека не ги даде очекувани ефекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.