Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, за време на престојот во Република Италија, меѓу другото имаше средби и со дијаспората од нашата земја. Тие, организирани во активни здруженија, побара од министерот Чупи да им се овозможи нова авионска линија која ќе им овозможи зближување до нивните семејства во татковината.

Како што следи, врз основа на потребите на нашите иселеници и врз основа на договорот за финансиска поддршка помеѓу Република Македонија и компанијата WizzAirHungaryLtd реализиран во 2019 година за 8 авионски линии, тој испрати барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за отворање на дополнителна авионска линија на релација Тревизо-Охрид, со цел да се ублажат тешкотиите на нашите граѓани.

Во градот Тревизо, односно во регионот на Венето живеат и работат околу 25.000 граѓани од Македонија, од кои половината се од југозападниот регион (Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.