„Соединетите Американски Држави се еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава, при што во делот на Царината силен фокус во соработката е сузбивањето на криминалот и корупцијата како и зголемување на институционалните капацитети во наплатата на приходи“, беше истакнато на средбата помеѓу директорот на Царинската управа, Бобан Николовски и шефот за економски прашања во амбасадата на САД, Рајан Милер.
На состанокот двете страни говореа за напредокот на Работниот план со Трезорот на САД каде експерти од двете институции работат на развој на мерки коишто ќе придонесат за прибирање повеќе приходи во Буџетот и сузбивање на сивата економија и корупцијата. Воедно се говореше и за проектот за телесни камери за царинските службеници, како и за континуираните обуки на царинските службеници во рамки на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност при Амбасадата на САД.
Милер му честита на директорот за неговото назначување на оваа функција и му посака успех во работата.
Од страна на директорот беше изразена огромна благодарност до САД за нивната континуирана поддршка во развојот на Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.