Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.
На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ги потврдил добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија.
Посебен фокус на средбата се ставило на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа Николоски го запознал амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.
Исто така министерот Николоски го информирал амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата, стои во соопштението.
Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцирал Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава.
На средбата биле разменетии мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Министерот изразил благодарност за досегашната соработка, а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.