Kриза во снабдувањето на млечната индустрија поради недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина, најави премиерот Димитар Ковачевски.
Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг во некои региони во светот на млеко поради војната во Украина – информира премиерот.
Тој најави дека сигурно ќе следуваат нови мерки и дека најверојатно, интервенциите ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.
Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред сѐ, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните – потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.