Нова транша од дури 250 милиони евра од државниот Буџет ќе добијат „Бехтел и Енка“ и во 2024 година за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10Д. Според Програмата за финасирање на патна инфраструктура за Проектот Коридор 8 и Коридор 10Д за 2024 година, а која стапи на сила на 26-ти месецов, парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на поддршка на градежни активности“, пишува „Алфа.мк“.

   „Тоа вклучува асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго за патните правци: Делница 1, Тетово – Гостивар; Делница 2, Гостивар – Букојчани; Делница 3, Требениште – Струга – Ќафасан; и Делница 4, Прилеп – Битола“, се наведува во Програмата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.