На денешната седница Владата донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Одлуката е донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, дека постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење – стои во владиното соопштение



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.