АтлантикТрејд Скопје ДОО Скопје ги известува своите купувачи и потрошувачите дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во Македонија, на барање на производителот Фереро, започна сопревентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шокобонс(46гр и 125гр) и Киндер surpriseмакси(100гр) од брендот Киндер.
Повлекувањето на пазарот во Македонија се однесува само на наведените производи, кои се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување:
Производ | Грамажа | LOT број |
Киндер surprise макси | 100G | L006LZB-NR |
Киндер surprise макси | 100G | L330RZB-MJ |
Kиндер шоко бонс | 46G | L293RZD-KX |
Kиндер шоко бонс | 46G | L328RZD-MI |
Kиндер шоко бонс | 46G | L336RZD-MU |
Kиндер шоко бонс | 125G | L302R03— |
Kиндер шоко бонс | 125G | L321R03— |
Атлантик Трејд Скопје соработува со локалните власти за безбедноста на храната, по известување од производителот Фереро за можна поврзаност со одреден број пријавени случаи на салмонела во други земји, надвор од Македонија.
Иако ниту еден од производитеКиндерпласирани на пазаров не е позитивен на салмонела, и не сме добиле поплаки од потрошувачите, пристапуваме со крајна сериозност бидејќи грижата за потрошувачите е главен приоритет.
Сите други производи на Ferrero, вклучувајќи ги и другите производи на Киндер, не се засегнати од ова превентивноповлекување на производи од пазарот, велат од компанијата.
Атлантик Трејд Скопје делува со цел брзо повлекување на наведените производи од пазарот, и ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некои од горенаведените производи, да не ги конзумираат. Истиот може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected] .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.