„Јасно е и од последниот Извештај на Заводот за статистика дека тоа е повеќе од европскиот просек, би рекол повеќе од двојно од европскиот просек. Мислам дека е за април веќе 13-тина проценти, мислам дека просекот во првите четири месеци е 15%, за лебот и за храната е повеќе од 25%, и тоа само по себе покажува дека инфлацијата не е увезена како што тоа не убедуваше Владата, туку дека станува збор за епска неспособност на криминалната Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ на сметка на граѓаните“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Велес.

Мицкоски додаде дека од власта не ја чувствуваат инфлацијата бидејќи на дневна основа преку тендери во четири очи и наместени јавни повици го крадат народот.

„Но, за жал огромно мнозинство на наши сограѓани тоа го чувствуваат, и можам да кажам дека бројката на деца кои што ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија од ден на ден станува се поголема. А, сега е повеќе д 50-тина илјади такви кои што ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија. Зборувам за дечињата“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека кога говори дека се потребни предвремени парламентарни избори е бидејќи колку подолго оваа Влада е на власт толку повеќе Македонија ќе губи.

„Тие еден ден ќе бидат жестоко поразени и нема да бидат повеќе таму, и ќе има одговорност. Но, штетата која што прават на дневна основа е навистина преголема и ќе ни треба многу напор и многу време за да истата ја санираме. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори што поскоро за да може да народот избере политичари кои што имаат визија, имаат план и знаат како да ја развиваат Македонија“, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.