Предлог законското решение  за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од  Министерството за социјална политика, демографија и млади ја помина владината процедура и наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.

Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на  пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.