Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија. „Република” на лице место провери какви се цените. Производите кои можат да се наречат луксуз нема да ги коментираме иако и тие се попристапни од кај нас, туку ќе се задржиме само на оние секојдневните.

Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тие се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети.

Кашкавалот, кој стана недостижен за многу македонски семејства е во просек 8 евра за килограм. Пакувано пиле спремно за печење чини 4.29 евра.

Брашното и покрај војната во Украина од каде Германија набавува жито чини 0.69 за килограм или пет евра за пакување од пет килограми.

Она што во Германија е навистина поскапо од кај нас е зеленчукот и овошјето. Како пример ќе наведеме дека половина килограм домати чини 1.6 евра. Држи цена и сончогледовото масло кое се движи од 3 до 4 евра во зависност од производителот.

На сиве овие цени вреди да се напомене дека минималната плата во Германија е 1200 евра па и луѓето со ниски примања можат да ја наполнат кошничката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.