Млечна криза и се заканува на Македонија. Млеко има се помалку, а нема ни од каде да се увезе. Млекопроизводителите алармираат – состојбата е сериозна. За брзо ќе ни се случи српското сценарио – празни рафтови по маркетите , млеко ќе нема, а тоа што ќе го има – ќе биде по повисока цена, објави Сител.

Од година во година домашното производство опаѓа. Но оваа, падот е драматичен.. Се губи интересот кај младите да се занимаваат со оваа професија, сточната храна е многу поскапена, а трошоците зголемени.

Поради недостиг на млеко Србија денеска забрани извоз на млеко , освен за Македонија и Албанија , а ја намали и маржата за трговците. Наместо со 12 отсто, од продажбата на млеко ќе заработуваат максимум 5 %. Во Србија во моментов има и ограничување на цената на млекото. Еден литар во продавниците кај северниот сосед не може да се продава над 129 српски динари или 67 македонски денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.