Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гази Баба беше запрашан од новинарите за коментар околу тоа што Владата тврди дека фабриката за автомобили Е-ГО во Тетово, не е почната да гради зошто се правеле промени во парцелата но и дека не добиле државна помош.

„Ако е причината одредени промени во пренамената на парцелата за да 10 месеци касни почетокот на оваа инвестиција, тогаш они на отворена сцена признаваат дека се тотално неспособни и дека не знаат што прават. Затоа што верувајте ми не се потребни повеќе од, еве Бобан прашајте го градоначалник е ќе ви каже, повеќе од еден месец за целата таа процедура“, нагласи Мицкоски.

„Ако цела Влада работи десет месеци за промена на намената на парцелата каде што треба да се гради оваа фабрика, а од тоа зависи извозот од 100-тици милиони евра нели така го најавуваа тогаш навистина вакво признавање, отворено признавање на неспособност не постои. Е, сега дали се исплатени средства или не се, ќе видиме, но еден фенинг ако е исплатен јас ви ветувам дека од првиот до последниот ќе одговараат. И тоа многу скоро од денес“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.