Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски при посета на ООУ „Крсте Мисирков“-Скопје, Општина Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е состојбата во земјоделието дали е катастрофална како што посочуваат од опозициската СДСМ и млекарите се пред банкрот, изјави дека и покрај наследените, заостанати субвенции, сега има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови.
„Во земјоделието наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите имаме досега околу, близу или нешто над една милијарда денари стари долгови, вратени. Очекуваме во следниот буџет уште една, и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите“, изјави премиерот.
Премиерот подвлече дека пораките коишто доаѓаат од опозициската СДСМ се од незнаење, а тој е шокиран од истите.
„Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој“, истакна премиерот Мицкоски.
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.