Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:

Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

 

Тој додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 проценти, како што посочи премиерот, во зависност од кондицијата на буџетот.

Април за март 2027 година, повторно 7 ипол до 10 отсто и веќе април 2028 за март 2028 година – од 10 до 12 ипол проценти. Така што, минимум во овој дијапазон временски, платата ќе биде на просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво, истакна премиерот.

Тој смета дека не е доволно, но тоа било во рамките на можностите.

Бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.