За Мицкоски е шокантен податокот кога прочитал дека фирмата „Еуровиа“ е главен подизведувач на Коридорот 8 на компанијата „Бехтел и Енка“.

-Компанијата „Еуровиа“, како што беше во јавноста кажано, има основано сомневање дека на сомнителен начин добила и тендер од Министерството за надворешни работи за преуредување на спортскиот центар Борис Трајковски, а за потребите на настан кој што го организира министерот за надворешни работи на крајот од годината. И истата таа фирма или фирма поврзана со оваа фирма се јавува како еден донаторите на партијата ДУИ, рече Мицкоски запрашан за коментар за тоа дека фирмата донатор на ДУИ, која доби тендер од МНР, сега е избрана и за главен подизведувач конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.