Од Министерството за правда соопштија дека, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија, заштедиле 25 проценти електрична енергија во месец октомври, споредено со истиот месец минатата година.

– Со цел рационално користење и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките , да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да да ги користиме рационално и да бидеме солидарни.Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите.Енергетската ефикасност ,односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање, истакнаа оттаму.

Министерството за правда информираше дека во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.