Денеска Министерство заФинансии беше домаќин на студенти од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Фискалната политика, креирањето на Буџетот, даночната структура и издавањето на државни обврзници беа дел од темите на кои студентите имаа можност директно да разговараат со вработени на Министерството.

Како член на телото за финансиска едукација, Министерството за финансии континуирано презема активности за финансиска едукација на населението. Колку финансиски пописмени се граѓаните, толку подобри финансиски одлуки ќе носат, а тоа придонесува и кон подобри економски резултати во целост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.