Сѐ е подготвено за 7. издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential”.
Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.
И оваа година конференцијата има регионален карактер и е најголема досега – на истата ќе присуствуваат повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот.
Како дел од програмата ексклузивно ќе се презентираат клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и секако маркетингот и вештачката интелегенција во е трговијата
Пред присутните гости свои поздравни обраќања ќе имаат Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, НЕ Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузната Република Германија во Македонија, Мариа Канелопулу, од Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија.
Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 600 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.
Дека македонските компании се заинтересирани за унапредување на познавањата од областа на е-трговијата, говори фактот дека сите влезници за овогодишното издание беа целосно распродадени една недела пред почетокот на конференцијата.
Изјави за медиумите се предвидени во:
ДАТУМ: 12.11.2024 (вторник)
ВРЕМЕ: 08:45 часот
ЛОКАЦИЈА: Фоаје на Националната опера и балет
Достапни за изјави за медиумите ќе бидат Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација, НЕ Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузната Република Германија во Македонија, Мариа Канелопулу, од Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија.
Дополнително, во своето излагање Нина Ангеловска Станков ексклузивно ќе ги промовира клучните сознанија од најновата анализата на е-трговијата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, која содржи податоци согласно последните објавени податоци од НБРСМ, Еуростат и релевантните индекси за е-трговија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.