Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ).
Согласно донесената Одлука од страна на Владата, граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување, велат од МФ.
Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана с
Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната.
На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните, прецизираат од МФ.
Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, а останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка, посочуваат е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании.
-Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност. Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично, истакнуваат од МФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.