Македонија повторно влече струја од европската мрежа, иако строго беше опомената дека не смее да го прави тоа, обелодени вечерва директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани во интервју во „Топ тема“ на Телма.
На што се должи дисбалансот и колку ќе чини тоа, во овој момент е рано да се пресмета. Но, Муртезани беше директен дека Македонија повторно, веднаш била опомената поради незаконско повлекување европска струја.
Во неделата кога времето залади почнавме да се соочуваме со проблеми. Иако речиси сите капацитети беа на мрежа, целиот хидро и термо потенцијал, освен Осломеј, во неделата ние имавме отстапување од 1700 мегавати, за кое веднаш добивме предупредување од европската енергетска асоцијација – вели тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.