Денес, среда 14.02.2024 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод празникот св. Трифун, заштиникот на лозарите, ќе биде во посета на лозарите од Кавадарци и Неготино.
Најпрвин во 10:00 часот министерот Николовски ќе има свое обраќање на закројувањето заедно со Македонски семејни винарии, во селото Марена. На овој настан министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите.
Потоа во 11:00 часот министерот Николовски ќе биде дел од закројувањето на лозјето во винаријата Тиквеш, на лозовите насади во Лепово, каде министерот ќе има и свое обраќање.
Министерот Николовски заедно со лозарите ќе присуствува и на манифестациите по повод св. Трифун во Кавадарци и Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.