Трендот на пораст на цените ќе продолжи, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат директорот во Макстил, Петар Јаневски. Тој од денешен аспект не може да предвиди до кога ќе се случуваат таквите нагорни трендови, но очекува дека тие ќе продолжат.

Многу е неблагодарно да се каже до кога и како може да се менаџира оваа состојба којашто ја имаме денеска бидејќи лани овој дел од годината имавме цена на струјата по 60 евра за мегават, денеска е 350. Веројатно во текот на целата година, ако не и во следната, 2023-та, овие високи нивоа ќе продолжат, а тоа значи само едно – повисоки трошоци за производство, не само на големите капацитети, туку и на малите бизниси. Многу е неблагодарно да се каже до каде ќе оди, но може да се каже дека сигурно ќе продолжи, вели Јаневски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.