Во оваа кризна година за поддршка на земјоделството издвоивме највисоко ниво на субвенции, над 150 милиони евра, а земјоделците ќе добијат авансна исплата на субвенциите, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју за Слободен печат.
„За прв пат во државата е воведена авансна исплата за земјоделците, за вистинските земјоделци. 40.000 земјоделци ќе ги добијат авансно своите субвенции во текот на оваа и следната недела. Исто така го зголемивме за 20 милиони евра буџетот за оваа година за субвенциите, за да може да биде се исплатено. Согласно последната одлука на Влада, субвенциите за лозови насади кои беа 40.000 денари по хектар, сега се зголемени на 52.000 денари. А за секој килограм откупено грозје во винарските визби, производителите на грозје добиваат 1 денар по килограм, дополнителна субвенција. За оние гранки кои зависно од временските услови имаат одредени потешкотии, обезбедуваме секогаш повеќе“, рече премиерот Ковачевски.
Во интервјуто премиерот Ковачевски посочи дека и откупот на земјоделски производи се одвива непречено и во текот на сите изминати кризни години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.