Премиерот Димитар Ковачевски во објавата за социјалните медиуми за усвоениот ребаланс на Буџетот за 2022 истакнува дека се обезбедуваат средства за раст на пензиите, за ранливите категории граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната енергетска криза.
Во продолжение објавата на премиерот Ковачевски во целина:
„Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата.
Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.
Обезбедени се:
– 76 милиони евра за нови антикризни мерки
– 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна
– Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата
– Повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери
– Субвенции за земјоделците
– Средства за развојни проекти
Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво”, пишува во објавата на социјалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.