Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.

Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлв однос со нашите партнери, команиите.

 

Успешната деловна соработка значи посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните.Минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите.

Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие“ изјави премиерот Ковачевски.

Компанијата „Виталиа“ постои 30 години и освен во призводство на здрава и специфична храна, инвестирала и во фотоволтаици.

 

Со моменталната поставеност на ситемот за генерирање електрична енергија, „Виталиа“ користејќи го сонцето обезбедува максимална ефикасност за исполнување на потребите за електрична енергија која се користи за производствените процеси, како и во останатите објекти во компанијата.

Директорката на Управата за јавни приходи, Лукаревска посочи дека компаниите како „Виталиа“, кои се дисциплинирани даночни обврзници се партнер на Владата во заедничко креирање политики.

„Така заедно придонесуваме кон подобра деловна клима, заедно се бориме против сивата економија и заедно создаваме имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност.

 

Верувам дека за менаџерите во претходните, специфични години, беше предизвик да ги задржат работните места, но и да обезбедат пласман на производите и затоа  од исклучителна важност е заедно, домаќински да придонесеме за побрзо надминување на предизвиците“, истакна Лукаревска.

Искра Ветаџокоска-Муцунска, управител и ко-сопственик на „Виталиа“ истакна дека 30 години компанијата вложува во know-how во производството на здрава храна и задоволувањето на потребите на потрошувачите.

 

30 години на напорна работа, труд и знаење, вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус.

“Во 2022 ја започнавме „зелената иницијатива“, поставивме фотоволтаичен систем за генерирање електрична енергија, кој ни обезбеди значително подобра ефикасност, економичност и секако заштита на околината.

И во новата 2023 си поставивме амбициозни планови. „Виталиа“ ќе продолжи да биде hub за иновации во здравата храна, ќе ги соединиме технологијата и квалитетните состојки со експертско знаење и на тој начин дополнително ќе го диверзификуваме нашето портфолио.

 

Ќе се фокусираме и кон пазарите во развој – Африка како огромен потенцијал, каде веќе сме присутни во 8 држави, подигнувајќи го извозот на 80% застапеност во вкупната продажба.

 

Нашата цел е да го развиеме брендот и да помогнеме во градењето на култура на здраво живеење во сите 55 земји ширум светот каде брендот „Виталиа“ e денес застапен.

 

И секако и во следните години остануваме доследни на нашата мисија – со здрави производи да создаваме здрави генерации”, изјави Ветаџокоска- Муцунска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.