Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји.

-Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Македонија. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана. 38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот. Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Воедно, намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, ќе придонесе за поттикнување на развој на бизнисот, туризмот и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Исполнувањето на оваа Декларација е и уште една поддршка од ЕУ, но и силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, наведува Министерството



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.