Годишната стапка на инфлација во Македонија во септември 2022 година е петта највисока во Европа, а индикаторот на доверба на македонските потрошувачи во септември 2022 година е четврти најнизок во Европа, пишува Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Инфлацијата во ЕУ е 10,9%, во Македонија е 18,7%! Тотално промашена и закаснета домашна економска и енергетска политика за сузбивање на инфлацијата. Вистинскиот лек на раната уште не е решен. Зголемените сметки за електрична енергија на фирмите и во иднина ќе се пренесат на финалните цени или ќе се пренесат врз раст на невработеноста. Потрошувачите се во паника! Фирмите и вработените се во паника! А, како да не бидат? Докажан кризен менаџмент на оваа Влада еднаков на 0. А според сите предвидувања зимата 2023/2024 година ќе биде полоша!
Четирите стратегии како приоритет за кои пишував уште во март не се исполнети:
1. Обезбедување на сигурност за храна – ја имаме, но по цени до плафон.
2. Обезбедување на енергетска сигурност – ја немаме ни на краток, ни на средeн рок. Воедно цените на електрична енергија за фирмите се меѓу највисоките во Европа.
3. Обезбедување на одржлив економски раст. Нема никаква стратегија за раст.
4. Обезбедување на фискална одржливост на долг рок. Ја изгубивме заради недисциплинираното трошење на Владата од Ковид-19 наваму. Ја губиме уште повеќе и не носи кон постепена должничка криза. Хемингвеј кажал: “How did you go bankrupt?”
Two ways. Gradually, then suddenly.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.